Свесно или несвесно, пратеничката и поранешна потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски испрати интересна порака. Дилемата е до кои структури во владејачката партија е испратена пораката?

На прашањето околу информациите дека нејзиниот сопруг Јовче Ременски вчера требало да сведочи во случајот Рекет, пратеничката Фросина Ременски рече дека станува збор за интересен момент.

Вчера во текот на следењето на медиумското информирање за рочиштето за Рекет видов хиперпродукција на информации, некои тековно беа менувани и корегирани, со многу невистини и шпекулации. Дури и според некои написи и јас требаше да се појавам на рочиштето во Кривичниот суд. Јас кажав дека не е проверена и не е точна информација дека мојот сопруг ќе биде сведок во Рекет, бидејќи и согласно Законот јасно се прецизира кој може да биде сведок, а тоа е лице кое на директен или индиректен начин може да посведочи за елементи од кривично правен настан. И јас и моето семејство немаме никаква директна поврзаност со семејството Камчеви и со случајот Рекет, за да би можеле да бидеме сведоци во еден ваков случај. Но индикативен беше начинот како медиумите го пренесоа тоа ‚сопругот на Фросина Ременски обвинета во случајот Меѓународен сојуз’, а изостана, да кажеме интересот, или можеби, следењето на истата логика да се каже дека јатрвата на Радмила Шекеринска вчера сведочеше во Рекет 1, така што тука го гледам навивачкото медиумско експлоатирање на информациите или медиумска некоректност, бидејќи, ако веќе се ставаат епитети, коректно е барем да се ставаат до крај – рече Ременски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.