Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петтемина осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“ – дознава ТВ 24 од извори во истрагата.

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, дознава НОВА од извори во истрагата, е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во делот на исплатата на средства за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Како што се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство, „едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, соопшти обвинителството.

Ременски беше почесен претседател на Меѓународниот сојуз на чија сметка легнале парите. Покрај Ременски, со оваа истрага е опфатена и Јасна Мандиќ заменик претседател на Меѓународниот сојуз, дознава НОВА.

Бојан Јoвановски со потпретседателката на Меѓународен сојуз Јасна Мандиќ

Во текот на денот се очекува новите осомничени да дадат исказ пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за едно лице од новоосомничените, а за другите мерки на претпазливост.

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и струшкиот Ардијан Амзоски кои уплатиле 719.000 односно 233.000 евра на сметката на Меѓународниот сојуз веќе дадоа исказ кај Русковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.