Мојата цел е да победам и да го вратам социјалдемократскиот сојуз на победничките шини, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Фросина Ременски, кандидат за нов лидер на СДСМ.

Ја барам поддршката од искрените борци и членови на Социјалдемократскиот сојуз кои сите овие години знаат како функционирала партијата особено во времиња кога сме се соочиле со една длабока опозиција, знаат да ги следат напорите и трудот, конзистентноста во ставовите и секако да го наградат оној кој што сметаат дека поседува капацитети да ги врати победничките бои на социјалдемократскиот сојуз, рече Ременски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.