Рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, а во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ од Белград, дознава порталот „Вечер“ повикувајќи се на извори од српските органи кои се занимаваат со организиран криминал, особено финансиски.

Бидејќи се работи за серизоен криминал во кој се вмешани и високи државни институции ние, како особен јавен интерес, ги објавуваме засега службено непотврдени сознанијата за овие дела, работа на обвинбителството е овое сознанија да ги има на увид и преземе активности за дополнителни детали и нивно крајно утврдување.

Не ни е познато дали лицето кое е рекетирани и платило го пријавило рекетот и со тоа се ослободило од обвинение за давање поткуп. Според наши сознанија неодмана, во текот ан истрагата, едно друго лице за кое има сознанија дека дало поткуп одбило истото да го потврди и ќе биде предемт на прогон за дело давање поткуп, а веќе има истрага за него во случајот Империја, пишува порталот.

Целиот текст на „Вечер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.