Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил пишува дека додека се множат рекетите на власта и криминалите на Заев, единствено што не се шири е истрагата на обвинителството против овие криминални случаи.

Рекет 1 и 2, го донесоа рекет 3. Додека се множат рекетите на власта и криминалите на Заев, единствено што не се шири е истрагата на обвинителството против овие криминални случаи.

Сега е веќе сосема логично зошто Венко Филипче бил во домот на Бојан Јовановски и така детално разговарале за бизнис со болници. Рекет 3 е сакандал каде има сомневање дека се рекетира домашна компанија за да се откаже од изведбата на болницата во Штип, чија изградба доцни.

Дотаму ли дојде да се рекетираат фирми за изградба на болници? Зошто е раскинат договорот со домашната фирма подизведувач, а не е раскинат договорот со фирмата изведувач која е од Грција? Зошто не е активирана банкарската гаранција кога фирмата изведувач ги пробива сите рокови? Дали не е играта да ги добие градежните работи нова фирма подизведувач блиска до власта? Зошто се најавува дополнителна исплата за изведувачот од 7 милиони евра и нов рок до 2021 година кога и така сите претходни рокови беа промашени? Колку куфери Луј Витон се сега во игра? Зошто молчи обвинителство?

Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои денес ни носат порази е неминовен. Заев никогаш повеќе, стои во статусот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.