СЈО селективно спроведува правда, еве Катица е во притвор. Јас бев советник на СЈО до јули 2017, и ми беа понудени 50.000 евра мито, еве барам да ми го издадат документот дека сум пријавил мито, не можам детали да кажам, тој предмет не се отвори, дали имало индиции најдобро знаеле обвинетите кои ми понудиле мито. За Боки 13, со блокирани сметки, од власта му дадоа телевизија, па потоа да прави рекет, и не се запрашаа како со блокирана сметка не е сопственик на 1ТВ, а татко наводно му е формален сопственик, а сите се сликаат со него, истакна адвокатот Александар Тортевски на денешната дебата на 24 вести.

Тоа е проблем за паѓање на цела влада, секој што се сликал со него има одговорност, политичка. Ако земал некое париче, го покажува менталниот склоп на нашите политичари, дека преку ноќ може да се збогати некој, додава тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.