За Република во која владее правото, а не поединецот – ова е една од клучните пораки која кандидатот за Претседател Блерим Река ја испрати до граѓаните на централниот митинг во Тетово, три дена пред првиот изборен круг. Порача дека гласот за него ќе ја направи државата мултиетничка и евроатланска.

„Вечерва, заедно со вас го финишираме патот на победата. Вечерва, ја пишуваме новата историја – за една Република за сите, со законот над сите!“ – вака ја финишираше кампањата за претседателските избори, кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и од БЕСА, Блерим Река, кој својот централен митинг го одржа во Тетово вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.