Во пресрет на вториот круг на гласањето за Председател на Македонија, кандидатот кој отпадна по првиот круг, Блерим Река повика на масовна излезност во вториот за, според него, „да се спаси Евро-Атланскиот процес“.

„Дозволете ми уште ендаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за „Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ. Близу 80,000 гласови, за само 3 недели во полииката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!)“, пишува Река.

„Почитувајќи ги вашите гласови, уште ендаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: Јас не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партиските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил на 5 мај да излезете масовно на гласање, за да го спасите Евро-атланскиот процес“, напиша Река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.