Претседателските избори беа сериозен тест за тоа како стојат партиите. Ако се тргнат настрана гласовите од албанските партии, фактот е дека на тие избори СДСМ тежеше околу 310.000-320.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ освои близу 380.000 гласови.

Тоа е последниот однос на силите пред избивањето на скандалов, а имам сознанија дека има нови тестирања по скандалот и трендовите не се добри за СДСМ. Не се толку добри ниту за ВМРО-ДПМНЕ според очекувањата, но трендот е таков – едната партија оди надолу, другата партија оди нагоре. Што е се случува натаму, зависи од разврската, можни се брзи пресврти, вели Бранко Героски, гостин во „Јади бурек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.