ИВЗ го смени ставот. Иако Реисот Сулејман Реџепи на 23 април рече дека нема да повикуваа на гласање, институцијата со која тој раководи излезе со апел со кој ги повикуваат граѓаните на 5 мај да излезат масовно и да го искористат своето право на глас,објави ТВ21.

Во недела, на 5 мај, муслиманските верници треба да излезат масовно и да го искористат нивното граѓанско право на глас, за повеќе права, за правна и демократска држава, за верски и народни права за сите народи кои живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и ЕУ, пат кој ние како верници и како ИВЗ го трасиравме со години, постојано – велат од ИВЗ.

Пред само 10 дена поглаварот на ИВЗ пред медиумите порача никој да не бара од него тој да излезе и да повикува на гласање, бидејќи, како што рече, такво нешто никогаш нема да направи.

Бараа јас да излезам, да апелирам до луѓето да гласаат дека овие се многу добри. Такво нешто никогаш да не бараат од мене. Никој нема мандат да бара такво нешто. Ви гарантирам со живот – рече Реџепи.

ТВ21 побара одговор од ИВЗ зошто го сменила ставот, и зошто сега апелира до граѓаните да излезат на гласање. Портпаролот на ИВЗ, Агрон Војника рече дека од ИВЗ никогаш не рекле граѓаните да не излезат на гласање. Тој рече дека апелот да се излезе на гласање е за доброто и за иднината на младите од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.