Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Алсат М телевизија посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на прашањето за името е кристално чист. Тој истакна дека граѓаните го кажале својот став во однос на тоа како сакаат да се нарекува нивната држава на референдумот кој се одржа на 8 септември 1991 година кога во огромно мнозинство својот глас го дале за Република Македонија, независна и суверена.

Ние сме јасни чисти и кристални во нашиот став. Единствен важечки правен документ во оваа држава кој што ја детерминира државност  е резултат на волјата на граѓаните во 1991 година кога огромно мнозинство од граѓани на оваа држава рекоа дека ова е Република Македонија, суверена и независна држава. И тука нема никаква дилема, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сето останато е резултат на политичари, корумпирани, уценети и притиснати да направат нешто за кое што се срамат денеска и кое што е навистина спротивно на интересите на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава.

За да одиме чекор назад потребни ни се 80 пратеници и Бадинтерово мнозинство, вели Мицкоски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.