Тој што ќе те предаде еднаш, ќе те предаде секој пат, порача пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, откако новинарите го запрашаа дали го оправдува преоѓањето на Кастриот Реџепи од Беса на страната на власта.

Никако не го опрвдувам. Последен пат со Кастриот Реџепи имав комуникација пред четири години кога се раздвоив од Беса, рече Реџепи, кој беше еден од ретките што се појави пред новинарите за време на втората пауза.

Тој навести дека политичката драма ќе трае до 12 часот вечерва бидејќи опозицијата што бараше гласање се уште се надева дека може да постигне нешто, или како што рече Реџепи „било што“.

Ќе чекаме до 12 часот, рокот е тој. Имаме надеж дека може да се направи било што, рече Реџепи.

Запрашан дали, ако им понуди СДСМ на пратениците од Алтернатива да се приклучат на нивното мнозинство тие би прифатиле, тој одговори дека тие се опозиција и се додека го имаат тој статус битката ќе ја водат како опозиција, а во иднина ако има некоја друга понуда,ќе ја разгледуваат партиските органи.

Сега целта е до 12 часот да ја срушиме оваа власт, рече Реџепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.