Пратеникот Кастриот Реџепи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 открива дека ја криел одлуката дека веќе се премислил и дека нема да гласа против владата, за да може да не најдат друг пратеник кој ќе гласа против и со тоа ја „спасил“ владата.

Потписите ги дадовме за да падне владата. Да, се потпишав и јас. Имаше друг договор, имавме други ветувања. Ни рекоа дека ќе има и други пратеници. Се потпишавме и заминавме дома. Кога стигнав дома гледам слика со Апасиев. Се збунив. Нож во грб. Што да зборам повеќе. Веднаш сменив мислење откако видов дека ова не оди на добро. Сам донесов одлука, а почнав да се консултирам и со пријатели. Се консултирав и со странци, рече Реџепи.

Тој додава:

Чекајте луѓе, потоа почнаа многу работи да ми се враќаат во глава – прво 27 април, второ дали ВМРО-ДПМНЕ јасно се изјаснија за Преспанскиот договор, потоа ми текна дека Левица се анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирани, и си велам оваа работа не ја бива. Јас ја донесов одлуката дека нема да гласам за рушење на владата, но не кажав никому. Не зборев со никого, ја криев одлуката. Ја криев затоа што знаев дека ќе најдат друг пратеник кој ќе гласа против оваа влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.