Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Гостивар, а откако претходно беше во фабриката за тули, замина во населбата Циглана каде имаше средба со жителите.

Ги посетив жителите на гостиварската населба Циглана. Заевизмот кој е матрица на ова тешко и мачно секојдневие силно се чуствува меѓу граѓаните. Една средовечна жена ми вели, имаме фијаско и секој ден слушаме лоши вести, го чуствуваме лошиот живот на наша сопствена кожа. И реалниот живот не се баловите на кои оди премиерот, не се ниту оние скапи автомобили кои ги вози, туку реалниот живот е тука во гостиварска Циглана и насекаде во Македонија каде се чувствува сиромаштијата и беспарицата. Правдата е згазена, владеењето на правото уништено. На Македонија и треба препород и промени. На Македонија и треба честитост и знаење и ние тоа ќе го донесеме. Битката на нашата генерација е за правда и подобар живот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.