Министерството за одбрана реагира на прес-конфренцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека припадниците на Армијата оставени без греење, наредено е да се собираат во една просторија за да се затоплат, а греалки носат од дома.

Да се грижеа толку Александар Нацев и ВМРО-ДПМНЕ за војниците немаше да затекнеме пред три години: ниски плати, Армија и одбрана на маргините на општеството, неисплаќање на дневници, деморализирана Армија, приватни списоци за испраќање на војници во мисија.

Но, А. Нацев и ВМРО-ДПМНЕ за среќа повеќе не го предводат Министерството за одбрана и затоа имаме: двојно зголемен буџет за одбраната, зголемени плати за 16 проценти, исплата на дневници и јубилејни награди, измени на законите за одбрана и за служба во Армијата со кои примањата на припадниците во Армијата ќе дојдат до ниво на 50 процентно зголемување во однос на времето кога беа на власт “загрижениот” Нацев и неговата партија, 15 нови инженериски машини, нови чизми, нова спортска опрема….

Што и ветувате на Армијата вие? Ќе се грижите за војниците со поништување на одлуките кои не донесоа до НАТО? Со намалување на буџетот за сметка на полицијата која е ваша омилена играчка во која вложувате се’ кога сте на власт?

Оставете ја Армијата. Таа им припаѓа на сите граѓани. За Армијата има кој да се грижи и за добро и за лошо. Вашето се виде. Поминало и нема да се повтори, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.