Министерката за правда, Рената Дескоска на својот фејсбук профил напиша:

Денеска продолжува јавната расправа за Законот за јавно обвинителство. И денес матрицата на ВМРО-ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовевски и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат. И спротивно на Деловникот се противат да кажам кои се следните чекори во градење консензус околу законот.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение во јавноста во кое истакнаа:

Рената Дескоска успешно ја игра улогата на адвокат на мафијата. Јовевски ќе биде поканет на работни групи, на кои тој ќе може да го елаборира неговиот став. Расправите вчера и денес се за да се слушне независната експертска јавност, а не Јовевски кој две години нема откриено еден криминален случај.

Дескоска може во име на Јовевски, доколку не сака тој да одговори до каде се постапките за Рекет 1,2 и 3? Зошто се чекаше притисок од јавноста за да почне нешто да се случува со случајот Рекет 1!? Зошто немаме никаква реакција од Јовевски за Леонардо, грантовите од Фондот за иновации, низа нерасчистени убиства и други криминали!?

До кога ЈО ќе биде маша на власта!? Токму затоа се и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.