СДСМ реагира на прес-конфренцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и во партиско соопштение вели дека Мицкоски повторно го потцени народот. За СДСМ тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.  Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.