Откако парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го изгласа законот со кој на Мактпетрол треба да му се префрлат 33 милиони евра и во ист ден телевизија Телма, која е во сопственост на Макпетрол, објави резултати од анкета кои покажуваат дека Зоран Заев наводно има поголема доверба кај граѓаните од Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи се појави бура од коментари.

Голем број граѓани коментираат дека станува збор за провидна игра и објавување на анкета со фингирани резултати со цел да се наметне впечаток дека Заев ужива поддршка од јавноста.

Сепак, како што коментираат граѓаните, тоа што резултатите од ваквата анкета се појавувија непосредно откако власта даде Амин за префрлувањето на 33 милиони евра за Макпетрол јасно покажува дека станува збор за обид за одработување и благодарност од Телма за парите што ги доби нејзиниот газда, Макпетрол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.