Советот на јавни обвинители утре во 11 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева. Поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“ која е се уште во тек, седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста.

Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.