Судијката Софија Лаличиќ, која беше разрешена на седница на Судскиот совет за претставка на адвокатот Асмир Алиспахиќ, вели дека е разрешена спротивно на законите и дека таквата одлука е срам за Судскиот совет.

Дали за ваква бенигна работа – за казнување на адвокат, за што одлуката е укината на двостепен суд, се разрешува судија? Ако за ваква работа се разрешува судија, јас поставувам прашање – тогаш поблагите санкции за што служат – вели судијката Лаличиќ за ТВ 24.

За објавените „бомби“ Лаличиќ вели дека од 2015 досега не била повикана во Судскиот совет во однос на оваа околност.

Таа е 12-та судијка која досега е разрешена. Судскиот совет ја разреши откако адвокатот Алиспахиќ го казни со 2000 евра, а причина за оваа казна е што на фејсбук статус ја нарече „сваровски судијка“.

Одлуката на Судски совет не е конечна, а Лаличиќ вели дека верува во Врховниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.