Има затвореници кои што се многу болни и ниту еден доктор не оди да ги прегледа, а ова државата го крие, вели адвокатот Насер Рауфи за „Журнал“.  Рауфи апелира, надлежните да направат ревизија во затворите и да им дадат соодветен медицински третман на затворениците.

Тој истакна дека има и со други многу потешки заболувања како хепатити, и порача дека тие треба да се пуштат или во домашен притвор или затвор. Со Законот за кривична постапка, вели Рауфи, предвиден е и домашен затвор, не само домашен притвор.

Тој апелира и владините мерки за заштита да се спроведуваат и во судството, зошто, според него, набиената агенда во судовите претставува потенцијален ризик за зараза, но и ширење на Covid-19 како за адвокатите така и за судиите и обвинителите.

Секако дека треба да се одложат судските рочишта. Само кај оние предмети на кои што инсистираат адвокатите, мислам на предмети за притвор на кои што инсистира адвокатот или обвинетиот за да се одржат, другите сите треба да се одложат. И во затворите треба да се направи ревизија, има многу болни. Има болни и од новиот коронавирус и ова надлежните органи го кријат затоа што немаат услови да ги лекуваат, рече Рауфи во изјавата за „Журнал“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.