Поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата „Европа 92” Ратко Димитровски, во изјава за „Лидер” демантира дека на на Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева им платил рекет од 500.000 евра.

Никој ниту ми се јавувал, ниту сум се видел со Боки 13, ниту од мене барал нешто такво. Ниту пак сакам да се видам со таков човек. Мојата компанија нема ни маркетинг во 1 ТВ, никаква соработка не сме имале, така што ова е дезинформација. 500.000 евра се огромна сума за мене. Не можам да видам 5.000 евра во кеш, не па толку – изјавил Димитриовски за „Лидер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.