Претседателот на Собранието Талат Џафери е оптимист дека до крајот на мандатот на овој парламентарен состав ќе се изгласа членството на земјата во НАТО.

Според него, се зависи од Шпанија и од нивното форимирање на влада која пак треба да го достави Протоколот во шпанскиот парламент и ставање на дневен ред. Сето ова треба да се заврши до средината на февруари кога нашето Собрание треба да се распушти за изборите на 12 април.

За најавите дека Собранието би можело да го усвои овој документ со одложено дејство Џафери вели дека тоа не можно и оти не треба да се прават споредби со примерот на Црна Гора.

-Таму имаше друг случај. Франција и Холандија го имаа донесено протоколот само што тој не беше стапен во сила. Затоа Црна Гора го усвои членството  порано. Но, како ние ќе гласаме со одложено дејство без Шпанија да го има донесено Протоколот. Што ќе гласаме? -прашува Џафери.

Џафери уште еднаш нагласува дека нема никаков проблем и следниот парламентарен состав го усвои Протоколот за членство во НАТО.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.