Институтот за политички истражувања – ИПИС  ја објави најновата анкета за предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите.

Според најнова анкети на ИПИС расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ, според анкетата за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,1% од испитаниците  додека за коалицијата СДСМ и БЕСА би гласале 21,5% од испитаниците. Разликата е 2,6% процентни поени, но за разлика од другите анкети во оваа анкета рејтингот на БЕСА и СДСМ е заеднички, што значи, рејтингот на СДСМ е далеку помал од 21,5.

За споредба на анкетата спроведена во јуни во 2019 година од страна на М-проспект.  ВМРО-ДПМНЕ имал 1,9 процентни поени предност пред СДСМ.

Во анкетата на ИПИС рејтингот на Зоран Заев и Христијан Мицкоски е речиси израмнет. Мицкоски со 17,2, % а Заев до 17,5%. Со тоа што рејтингот на Мицкоски во споредба од пред една година е во постојан раст.

ВМРО-ДПМНЕ најголема подршка има во Вардарскиот регион со 40% и Југоисточниот регион со 36,2%. А коалицијата на СДСМ и БЕСА имаат предност само во Полошскот регион. Додека во Скопскиот регион силите на ВМРО-ДПМЕ и СДСМ се израмнети со по 21%.

Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, објави на „Фејсбук“ македонската телевизија.

Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.