Власта и опозицијата постигнаа начелен договор околу начинот на избор на претседател на Собранието. Ќе се менува Деловникот во однос на конститутивната седница која сега ќе може да трае најмногу два дена и ќе ја води најстариот пратеник. Ова пшрашање беше дел од дискусијата рамки на дијалогот „Жан Моне“ заедно со европратениците, Кукан, Вајгл и Флекенштајн.

Измените се прават со цел за да се избегнат случувањата од 27 април по парламентарните избори во 2016 година. Тогаш власта и опозицијата имаа спротиставени мислења кој треба да ја води седницата, дали актуелниот спикер Трајко Вељановски или пак најстариот пратеник Бранко Манојловски од ДУИ што беше повод и за тензии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.