По објавеното повлелување на Радмила Шекеринска од местото заменик претседател на СДСМ започнува целосното преземање на партијата од страна на Зоран Заев и од неговите пајташи од Струмица.

Шекеринска беше последна која остана од т.н скопско крило кое важи за интелектуално, но кое не може да дојде до израз поради групата „сељаци“ како што ги нарекуваат оние блиски до лидерот Заев.

Во тоа скопско крило на чело е Софија Куновска, Дамјан Манчевски, Гордан Ѓеоргиев,  Каролина Ристова Астеруд, Игор Ивановски-Шема, Емилијан Станковиќ..

Но, тие се заменети од Љупчо Николовски, Костадин Костадинов, Венко Филипче, кој иако е од Скопје влезе во екипата на „сељаците“, како и Оливер Спасовски кои важат за луѓе од доверба на Заев и кои се очекува на конгресот во мај да добијат уште повисоки места во партијата.

Со тоа Заев ќе си ја зацврсти позицијата во партијата доколку се побара оставка од него по првите потреси кои ќе дојдат поради некој скандал или пораз на првите избори.

Во СДСМ се случува голем раскол и прва жртва е Шекеринска која претчуствуваше дека Заев ќе ја смени и таа го презеде првиот чекор со најавата дека се повлекува од заменичката позиција.

Дека поделбите во СДСМ се длабоки проговори и Софија Куновска која вели дека партијата фукционирала како  акционерско друштво на сопственички удели од 55 наспроти 45 проценти, во корист на Зоран Заев.

Луѓе без било каков партиски стаж дојдоа на највисоки партиски функции и природно беше дека ќе дојдат триења на мои и твои. Тоа чистење одамна трае во СДСМ, а процесите во СДСМ треба да го загрижат секој  рече Куновска за „Телевизија 24“.

Она што ќе биде важно дали Шекеринска ќе се повлече без борба и ќе замине да биде амбасадор во САД или ќе проговори за сите афери на Заев од кои најголема секако е Рашковски и пасошите на нарко босовите и кои може да значат почеток на падот на неговото владение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.