Антикорупциската комисија по допрен глас ќе отвори постапка за предмет за генералниот секретар Драги Рашковски и неговата евентуална вмешаност во изборот на фирма која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродром, потврдуваат за Прединг ТВ од Антикорупциската комисија.

Антикорупциската комисија ќе проверува дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот и дали е законски да преговара со претставнции на италијанската компанија, но и за обвинувањата од опозицијата дека тој договорал мито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.