Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.

Во одговорот кој Рашковски го испратил од земјата на сомбрерата пишува дека отишол таму на одмор со семејството, бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.

Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра – изјави Рашковски.

Извор: ТВ24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.