Досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ја напушта позицијата, со оглед на тоа дека веќе пред месец и половина си поднел оставка.

Се уште не е познато, кој ќе го наследи, а оваа информација со јавноста ја сподели премиерот Зоран Заев.

Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, лично јас како претседател на Владата кој сум овластен предлагач и ќе има нов генерален секретар. Немам донесено одлука, штом ќе ја донесеме, ќе соопштиме, истакна Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.