По втората аудиобомба за неговата вмешаност во тендерот за набавка на радарски систем, Рашковски денеска се обрати преку „Фејсбук“.

Многу е едноставен одговорот на сите обвинувања.
Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте: Дали Генералниот секретар ви побарал материјална или друг вид на корист било кога?

Ако прес-конференцијата, на која му беа поставени бројни прашања, а на кои новинарите не добија одговори, за Зоран Заев не значеше дека однесувањето на генералниот секретар Драги Рашковски е арогантно, тогаш дали можеби овој „Фејсбук“ статус на генсекот е исто така е „обид за зачувување на достоинството“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.