Ранет лекар на работно место, претепан доктор во ходник во болница, нападнат медицински персонал, хорор услови за работа, разрушени болници, хаос во кој освен по здравјето, се удира по човечкото достоинство … и ова не е Калкута, Индија, ова е Македонија во 2019 година и речиси секојдневие на здравствените работници, кои се децидни дека станува збор за комплексен проблем на кој не се обрнува внимание со години и затоа ескалира, а здравствениот систем е блиску до крахот, пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

Имено, министерот Филипче изјавува: „Моето присуство тука е поддршка. Во смисла на тоа дека треба да се преземат сериозни процеси кои што до сега не беа преземени, за да се врати дигнитетот на здравствените работници, да имаат пациентите поголема доверба во лекарите”.

Значи најодговорниот и најповиканиот, и всушност оној кон кого се упатени барањата и од кого се очекува да ги решава проблемите на здравствените работници изјавува дека “треба да се преземат сериозни процеси”!? Не сум стручен, затоа еве јавно ќе повикам некој кој е, да објасни пред целата Македонска јавност за што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче? Неспособни!!!, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.