Доколку Владата постапи по барањата на Антикорупциска и на двете соседни општини Охрид и Струга им ги одземе надлежностите за рушење на дивоградбите, затоа што како региони под заштита на УНЕСКО не успеаа да се справат со бесправната градба, општина Струга нема да ја почитува таквата одлука.

Наместо да сe руши на струшкото крајбрежје ќе се доградува тврди градоначалникот Рамиз Мерко.Тој останува на ставот дека во Струга нема ниту една дивоградба во заштитеното подрачје според списокот евидентрани биле 262 нелегални градби меѓутоа во селските средини, додека од охридската страна на езерото вели дека има стотици дивоизградени објекти.

Ние сакаме да градиме, не да рушиме. Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние, не може преку сила некој да дојде и да каже, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.