Косово греши што не учевствува во иницијативата за регионална соработка и на следниот самит во Драч треба да ја поправи грешката, порача албанскиот премиер Еди Рама, на заедничката прес-конференција на денешната втора средба во рамки на регионалната иницијатива за соработка, оддржана во Охрид.

Не е идејата да го поделиме Западен Балкан, туку да ги опфатиме сите земји од Западен Балкан. Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот и да се усогласи со сите останати за сите елементи. Се сеќавам дека потребно беше време претставниците на Косово да бидат прифатени на иста средба со тогашните авторитети од Србија и Босна, бидејќи ниедна од страните не сакаа да седнат на иста маса. Сега учеството на Косово не е ставено под прашање и не можеме да го разбереме сето тоа, не го гледам интересот од враќањето назад – рече тој.

Рама додаде дека не го променил мислењето кон Србија и Босна поради нивното непризнавање на Косово, но, порача тој, во меѓувреме нерешавањето на ова прашање не е оправдување Приштина да биде исклучена.

Косово и Албанија треба да ги штитат економските и социјалните интереси на своите граѓани кои поминуваат низ процес на интеграција, а не исклучување. Дали граѓаните на Косово сакаат да чекаат ред на граница или да се отворат границите? Не е ова мини-шенген, бидејќи сум висок не сум се чувствувал мини или мал. Но, може да се каже Западен Балкан-шенген при што слободно ќе биде движењето во цел регион – рече албанскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.