По тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај Карпалак, албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Рама на Твитер напиша дека „ духовно се наоѓа покрај семејствата на настраданите”.

Жал за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја, напиша Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.