Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од притворените за случајот „Рекет“ ги демантира информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во затвор бара помош и прима инјекции за смирување.

Српскиот портал објави дека Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија – вели Рахиќ за Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.