Силниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер рано утрово во 04:54 часот ја стресе Македонија и вознемири голем дел од граѓаните.

Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 10 километри, но беше почувствуван ширум земјата.

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани поголеми штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

А, дека земјотресот беше доволно силен за да предизвика вознемиреност кај граѓаните сведочи и ова видео снимка од маркет во селото Челопек во Тетово.

Земјотресот е почуствуван и во соседните земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.