Притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Македонија ќе продолжи да се зголемува, рече бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во Словенија на Бледскиот стратешки форум.

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, објасни претседателот Радев.

Претседателот повтори дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

-Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза, додал претседателот.

Радев им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.