Бугарскиот претседател Радев е дециден дека официјалното отпочнување на преговорите за членство во ЕУ ќе се случи тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот. Според него, неизбежно е двете земји да најдат заеднички јазик за историјата и затоа, како што потенцира, очекува политичарите да покажат поголема мудрост, ослободена од идеологиите на минатото.

Фактичките преговори за членство, согласно преговарачката рамка, не се започнати. Ќе започнат тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот. Тоа треба да е многу јасно – тогаш започнуваат преговорите за членство. Треба да ги решиме сите отворени прашања, разговорите за заедничката историја се неизбежни, рече тој.

По вчерашната трилатерална средба со Пендаровски и шефицата на Европската комисија, Фон дер Лајен, Радев практично го поддржува предлогот на македонскиот претседател ЕУ да ја покрие разликата во цената за струја што Бугарија ја бара а што може да ја плати земјава, но посочува дека мора во целост да бидат запазени процедурите и европските регулативи.

Затоа и со претседателот Пендаровски и претседателката на Европската комисија дискутиравме за можностите Европската унија финансиски да ја поддржи Македонија со цел да се избегне евентуална ликвидна криза во пресрет на зимата по однос на снабдувањето со струја. Се надевам дека ќе има напредок во таа насока, вели Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.