Претседателот на Бугарија Румен Радев бара одговор од институциите во Бугарија и Македонија за сигналите добиени од претседателството на етничките Бугари од Македонија за важните проблеми со кои се соочуваат, соопшти прес-службата на Радев.

Позицијата на претседателот Радев, како што пишуваат бугарските медиуми, е мотивирана од писмото добиено од претседателството од етнички Бугари од Република Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната континуирана дискриминација во Македонија.

Според Радев, почитувањето на слободното право на самоопределување на нашите сонародници, наведуваат понатаму медиумите, кои и покрај сите репресии во тоталитарното минато, го зачуваа и отворено го искажуваат својот бугарски национален идентитет, претставува клучен чекор во развојот на добрососедските односи.

Повеќе од сто илјади граѓани на Република Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Очекуваме овие објективни факти да најдат израз во спротивставувањето на официјалните власти во РСМ против алармантните димензии на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите во РСМ, се наведува во ставот на претседателот. Бугарите во Република Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година, истакна шефот на бугарската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.