Македонија не може да ја помине катарзата. Нашите позиции се јасни. Се додека продолжува овој вид на процес на преродба, се додека нашите сонародници продолжуваат да подлежат на суптилна асимилација со текот на годините и им се потиснати основните права во однос на другите нации во земјата, не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите со ЕУ, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев од Словенија, објави БГНЕС.

Според него, потиснувањето на правата на македонските Бугари, кои се државјани и на Бугарија, е предизвик и за ЕУ, бидејќи тие се државјани на Бугарија, тие се и граѓани на Унијата.

-Ова не е ниту вето ниту запирање на процесот, ние сакаме не повеќе од она што го сака секој наш европски партнер, да ги почитуваме основните европски принципи и интересите на секоја земја-членка на ЕУ. Очекуваме овој процес да запре, рече Радев.

Тој очекува да се искорени говорот на омраза, заблудата и толкувањето на Бугарија во учебници, на споменици, музеи, јавна политика.

-Сакаме јасни правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Раскинување со македонизмот и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки, нагласил Радев и додал дека учебниците не треба да водат кон омраза на рана возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.