Владата била запознаена со состојбата во М- НАВ и на последната седница дискутирала за инцидент поврзан со функционирањето на институцијата но информацијата е класифицирана и не е достапна за јавноста.

Ова денеска го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој не прецизираше дали станува збор за инцидент внатре во М- НАВ или пак инцидент со воздухоплови.

Неофицијално, Телма дознава дека инцидентот кој го наведе министерот Спасовски всушност е прекин на работата на радарите и за тоа во oбвинителството веќе се води постапка.

Од Владата и денеска не соопштија во кое својство генсекот присуствувал на средбите и при склучувањето на договорот за набавка на систем за контрола на летање ниту пак доставија документ или заклучок за негово евентуално задолжување да работи на овој случај.

Според на состанокот од кој протекоа аудиоснимки покрај Рашковски присуствувале уште седум лица.

Интересно е што тендерот кој го добива италијанската фирма „Леонардо“ го нема на официјалниот сајт на ЕБОР, која ги донира средствата, ниту на Бирото за јавни набавки.

Она што е познато е дека ЕБОР во 2012 година ќе најави кредит од 11,1 милиони евра за моденризација на М-НАВ преку набавка на нова опрема и нов систем за контрола на летање.

Средствата се одобрени во декември 2013 година и целата постапка е во четири фази со прецизни рокови – распишување на тендер, избирање на најповолен понудувач, старт на операциите и финиш. Досега се завршени две.

Според информациите на ТЕЛМА, во игра биле три фирми италијансата „Леонардо“, шпанската „ Индра“ и фирма од САД која веднаш се повлекла.

Тендерот во висина од 7,7 милиони еврараспишан во 2015 година го добива „Леонардо“ две години подоцна а според информациите на ТЕЛМА шпанската фирма дала пониска понуда но сепак не била избрана.


Повеќе на Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.