Вработените од виничкото комунално претпријатие „Солидарност“ утре ќе ја земат целосната плата за мај, се вели во прилогот на ТВ 24. Денеска падна договор меѓу раководството и синдикатот. Пари ќе се најдат од тековното работење, тврди директорот Александар Трајков.

Според него, 100-те денари биле само симболична исплата за работниците да не го изгубат здравственото осигурување. Со плата се доцни поради извршни решенија, бидејќи само во мај и јуни од сметката им се симнати околу 1,3 милиони денари.

Ова јавно претпријатие со години се дави во долгови. Според сегашното раковдство вина имаат претходните раководни гарнитури што десетина години работите ги туркале под тепих. Голем проблем е и што граѓаните на Виница на „Солидарност“ му должат 48 милиони денари.

Бидејќи станува збор за побарувања стари и по една деценција голем дел се застарени и не можат да се наплатат. За да се излезе од финасиската дупка ЈКП „Солидарност“ мора да ја подобри наплата што сега е околу 74 %.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.