На основа на работни групи ќе се разгледаат сите модалитети како да се имплементира препораката на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, изјави денеска премиерот во заминување Зоран Заев.

Веќе им е дадено на стручните луѓе во Владата и во делот на правосудството, затоа што се работи за дво-третински закони кои што не можат да биде дерогирани со просто мнозинство. Многу е важно правдата да важи еднакво за сите и да не биде дерогиран било каков процес со било кое право што е овозможено, рече премиерот во заминување Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за проширување на булеварот „Никола Карев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.