Неосгласувањата и тензиите во владеачката коалиција за кои веќе поголго време се шпекулираше, се повеќе излегуваат на виделина како што се приближуваат претседателските избори и се бираат кандидатите. Во синоќешното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, освен тоа што ја критикувал министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска дека го чини политички поени, тој имал што да каже и околу одлуката на СДСМ да го изберат својот кандидат за претседател на Конгрес.

Излегуваат со изјава дека ќе прават Конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи претставници се некоректни. Ние не сме ничија патерица, ниту, пак, сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев. Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат, истакнал Ахмети во интервју за МТВ2.

Дека коалицијата СДСМ-ДУИ стои на стаклени нозе, говорат бројните спротивставени изјави на двоецот Заев-Ахмети. Одлуката на интегративците сами да ја трчаат претседателската трка, оставаат простор доколку не се избере претседател во првиот круг, во вториот ДУИ да одбере на крај кому ќе ги препише гласовите.

Дополнителен проблем за СДСМ претставуваат и помалите коалициони партнери кои наместо да го поддржат нивното решение, најавуваат самостоен настап во изборот за претседател. Тоа значи дека дополнително ќе се двојат и гласовите на гласачите, па Заев ја нема комоцијата како на последните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.