Со 55 гласови „против“ и 32 гласови „за“ во Собранието не беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничка влада на 100 дена пред избори, позната како Пржинска влада.

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлогот во Собранието на 24 јануари, кога побараа и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, без 100 дена техничка влада.

Владејачките СДСМ и ДУИ го одбија предлогот, со образложение дека вакви измени се носат без брзање, со разговори и консензус на сите партии, а не на предлог на една партија.

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено бришење на одредбите за начин на избор на Влада кои предвидуваат сто дена пред избори да се избере нова преодна Влада.

Денеска во Собранието се расправа и за измените на Законот за минимална плата, со кои таа се зголемува од 15 на 18 илјади. Предложените законски измени поминаа на прво читање и сега се на комисиска расправа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.