Техничкиот премиер Оливер Спасовски 100-дневниот мандат на чело на владата го започна со почетничка среќа. По многу години паричката од бадниковата погача се паднала кај него.

Среќлија годинава бил и претседателот Стево Пендаровски, а, пак, во семејството Мицкоски паричката по шест години конечно му се лизнала од рацете на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ѝ се паднала на единствената дама во семејството – сопругата Рози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.