Прво ветинг во политиката, а потоа во судството, смета дека е приоритетно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва гостуваше на ТОп тема на ТВ Телма.

Ајде да видиме политичарите како ќе го докажат својот имот, но и имотот на своето семејство поблиску и подалечно. Затоа што вие денеска можете да сретнете политичари кои во анкетниот лист пријавуваат богатство од 70, 80 или 100.000 евра, небитно еве и 5.000 евра нека се, да не бидам погрешно сфатен. Но, ќе видите дека членови на нивното семејство поседуваат милиони суми, возат „бентли“, „мајбах“, итн., вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повтори дека се согласува ветингот во политиката да почне од него и неговото семејство. Мицкоски потенцираше дека е потребно политичарите да ги ослободат судиите и обвинителите, укажувајќи дека држават треба да им ги обезбеди ресурсите што им се потребни за да судат по закон и да се тргне на страна.

Најважно е политичарите да ги ослободат обвинителите и судиите. Ние денеска имаме примери каде што се номинираат луѓе во судството и обвинителството од оној совет за избор на судии и обвинители кои што до денеска на социјалните мрежи ќе ги видите како се закитени со партиски обележја. Ако порано ни се случувало Свровски судство, сега имаме конвертити Луј Витон, или трас трас судство, ама тоа не треба да биде така. Зошто? Затоа што се пријавуваат случаи во кабинет на премиер затоа што имаме случаи каде што коленичат судии пред кабинет на премиер, министер или некој друг. Тоа не треба така да функционира. Што ви треба ресурси да вие обвинувате и да судите по закон тие ресурси државата треба да им ги обезбеди и да се тргне на страна, а не да врти по телефон, или да биде влијателен  адвокатот на премиерот, или адвокатот на некој друг, кажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.