Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори за неговата здравствена состојба.

На почетокот од судењето Јовановски рече дека разговарал со затворскиот лекар, кој му кажал дека не може да гарантира за неговото здравје.

Ве опоменувам дека ако продолжите да говорите, ќе ве извадам од судницата”, рече судијката.

Таа неколкупати ги опомена Боки 13 и неговиот адвокат да се однесуваат пристојно и да договараат на поставените прашања само кога таа ќе им дозволи. Но, кога дојде ред да го испрашува сведокот Камчев, силата одеднаш му се врати и не му беше проблем да му се обраќа на сведокот со повишен тон.

Во разговорот меѓу Боки 13 и Јордан Камчев, се вклучи и Вилма Рускоска.

Јас како менаџер на ТВ можам да барам пари за реклама колку сакам, како што ти можеш да бараш пари за операции кои се неуспешни“, рече Боки кон Камчев.

Рускоска врати: „Тој не е менаџер, тој е невработен“.

На тоа Боки врати: „Не ми се дери“.

И кога дојде ред да го испрашува сведокот Камчев, силата одеднаш му се врати и не му беше проблем да му се обраќа на сведокот со повишен тон. Судијката неколку пати ги опомена Боки 13 и неговиот адвокат да се однесуваат пристојно и да одговараат на поставените прашања само кога таа ќе им дозволи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.