Методија Анѓелкоски од ВМРО-ДПМНЕ во отворено писмо му се обраќа на посебниот советник за односи со јавноста во кабинетот на премиерот, Марјан забрчанец, во врска со Акцискиот план за справување со лажните вести.

Марјан Забрчанец, сега, кога стана повеќе од јасно, дека избран дел од избрани разговори и бил монтиран и прикажан на јавноста во врска со случајот Мартин Нешковски, вие дојдовте до идеја дека имате обврска да го браните населението од лаги и манипулации?

Да се разбереме, ние во ВМРО сме за да се заштити народот од манипулации. Тука имаме согласност!

Значи ПРВО да го најдете човекот што ги скратил разговорите за да ги прикаже во таква форма, со наратив – тогаш и сега, дека „МВР се обидело да прикрие убиство“.
ВТОРО да одговара пред законот затоа што со тие манипулации предизвика насилни протести кои резултираа со повреда на шеесеттина полицајци.

Откако овие работи ќе ги направите – ќе имате макар малку доверба од населението дека НАВИСТИНА се борите против манипулациите. Дотогаш, вашата борба е само и единствено борба за уништување на политичкиот противник, а со цел понатаму да ја распродавате државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.