По посетата на еврокомесарот Јоханес Хан планирана за 25 јули, во Скопје доаѓа и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Неговите средби со државно-политичкиот врв на Северна Македонија се предвидени за 26 јули, објави 360 Степени.

Двете посети коинцидираат со кризата поврзана со СЈО и најавата од Владата дека токму тие денови во Собранието ќе биде испратена новата верзија на предлог-законот за јавното обвинителство што денеска го презентира премиерот Зоран Заев. Се очекува претставниците на ЕУ и на САД да се фокусираат токму на ова прашање што се смета за последно отворено пред земјите-членки на ЕУ во октомври да решаваат за одредување датум за пристапни преговори со Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.